Трудот го претставува тековното интердисциплинарно истражување во Долно Лакочереј, општина Охрид, Северна Македонија. Истражуваниот локалитет претставува населба на врвот на ридот датирана во период помеѓу в. 3000 до 300 п.н.е. Тековните ископувања и аналитички студии спроведени од чешко-македонскиот истражувачки тим фрлаат светлина врз хронологијата, живеалиштето и егзистенцијата во регионот за време на транзицијата помеѓу доцното бронзено доба и раното железно време.